Ана Ком е една од најголемите увозници на замрзнати пилешки продукти во Северна Македонија, лоцирана во Скопје. Познати сме на пазарот како компанија која увезува А класа на продукти и брендови со највисок квалитет и стандард, што не издвојува од конкуренцијата и не прави прв избор на потрошувачите веќе 20 години.
Нашата компанија посветено работи на целта, а тоа е постигнување на константен раст преку спој на високостручен кадар и одржување на квалитот на производите кои ги нудиме, со што долги години успеваме да ги задоволиме високите очекувања на нашите потрошувачи.
Нашата успешна приказна започнува со увоз на пилешко месо од Грција, со потпишување на договори за ексклузивност со најголемите производители на живина. Со порастот на продажбата, Ана Ком се стекна со репутација на лидер во индустријата во нашата земја. Низ годините проследени со константен раст и развој, како и со нашата експертиза во полето на увоз и продажба на пилешко месо, започнавме со увоз на производи од големите и реномирани производители од Западна Европа. Денес, со гордост можеме да потврдиме дека нашата компанија е еден од најголемите импортери на замрзнато пилешко месо во Македонија, со годишен увоз на повеќе од 7000 тони пилешко месо, кое се продава во сите поголеми маркети.
Ана Ком во моментов брои 35 вработени, поседува 15 возила за дистрибуција и има сопствен канцелариски простор и склад со површина од 3000м2.